Достапни линкови

Различни ставови на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за решавање на проблемот со името


Со сосема различни ставови, лидерите на најголемите политички партии денеска на нова средба на која ќе се обидат да изградат заедничка државно-партиска позиција за прашањето за името, во пресрет на очекуваниот предлог од медијаторот во спорот со името Метју Нимиц кој треба да го достави на утрешното продолжение со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. На денешната средба по иницијатива на премиерот Груевски, ќе присуства и претседателот на државата Бранко Црвенковски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот за името Никола Димитров. Ставот на ВМРО ДПМНЕ е решение за името преку двојната формула, а опозиционата СДСМ е за промена на референцата ФИРОМ и за нив е прифатлива географска одредница со која нема да биде загрозен националниот идентитет.

„Сите кажавме дека не постои политичар во државата кој што ќе ,,чепка“ во Уставот, во националниот идентитет, културата и јазикот. Значи, сето она што ќе оди на замена на референцата БЈРМ со тоа што ќе остави можност за сите држави да имаат право на избор, посебно оние што не признале или имаат намера во иднина да не признаат под Уставното име, сето ова ќе оди во прилог на изнаоѓање на решение.“

Ни изјави в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев. Опозицијата ја обвини власта дека со враќањето кон двојната формула, од која еднаш веќе како што потсетуваат се откажа на самитот во Букурешт, ја става Грција во поповолна позиција. На ова во ВМРО ДПМНЕ одговораат:

„СДСМ и нивните предводници во последните три години пет пати ја менуваа својата позиција во однос на името, а со тоа директно ги загрозуваат преговарачките позиции.“

Вели Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Со спротивставени ставови за името, денеска на заедничка маса ќе седнат и Груевски и Црвенковски. Последниот обид за координација меѓу нив по враќањето на Црвенковски од Њујорк, заврши со кавга. Претседателот упати критики до премиерот дека со двојната формула се враќа кон веќе надмината позиција на преговори. За разлика од македонските политички субјекти, позицијата на албанските партии ДУИ и ДПА е јасна, тие силно се залагаат за продолжување на македонките евро-атлантски интегративни процеси. ДПА смета дека Македонија нема друга алтернатива и борбата за зачување на идентитетот и иметот нема смисла по друг пат. ДУИ пак, спротивно од својот македонски коалиционен партнер во власта – ВМРО ДПМНЕ, бара компромис во интерс на европската идинина на земјата:

„И тој компромис треба исто така да ги има во предвид чувствителностите на Грција по однос на прашањето.“

Посочува Ермира Мехмети од ДУИ.
XS
SM
MD
LG