Достапни линкови

Малкара: 18 загинати во автобуска несреќа во Турција


Осумнаесет луѓе загинаа, а 23 беа повредени во автобуска несреќа што се случи денеска во округот Текирдаг, во европскиот дел на Турција. Автобусот се превртел во близина на градот Малкара. Според првичните информации причина за несреќата би можело да биде невнимание на возачот, кој возел со преголема брзина. Tурските медиуми информираат дека во автобусот патувале главно бегалци од други земји. Полицијата ги истражува деталите кои довеле до несреќата.
XS
SM
MD
LG