Достапни линкови

Скопје: Вечерва хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески


Во чест на македонскaта музичка икона Тоше Проески кој го загуби животот минатата година на 16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска, вечерва на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи голем хуманитарен меѓународен концерт насловen „Те сакаме сите Тоше“. На концертот ќе настапат пејачи и групи од Македонија и од странство. Отворени се и донаторски линии на кои заинтересираните можат да донираат 100 денари. Фондацијата „Тоше Проески“ по завршувањето на концертот ќе одлучи каде да ги донира средствата од билетите и хуманитарната линија.
XS
SM
MD
LG