Достапни линкови

Киргистан: Денеска локални избори


Денеска во Киргистан се одржуваат локални избори, први после така наречената револуција на лалињата во 2005-та година. Околу 2 милиони граѓани имаат право на глас. Претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев ги одби тврдењата дека минатогодишните парламентарни избори биле фалсификувани. Киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јавува дека на некои места и денеска има предизборни кампањи, додека пак во Петокот на опозициската Зелена Партија не им било дозволено да одржат митинг во Бишкек.
XS
SM
MD
LG