Достапни линкови

Сараево: Во БИХ се одржуваат локални избори


Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори. Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат околу три милиони граѓани. На изборите учествуваат вкупно 280 политички субјекти, а ќе бидат набљудувани од страна на мисија на Советот на Европа. Ова се први избори во Босна и Херцеговина на кои во органите на локалната самоуправа ќе бидат избрани и претставници на националните малцинства.
XS
SM
MD
LG