Достапни линкови

logo-print

Софија: Министерот за внатрешни работи Јанкуловска во посета на Бугарија


Министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска утре во Бугарија ќе оствари средба со првиот човек на бугарското Министерство за внатрешни работи Михаил Миков, соопштија од македонското МВР. Како што пишува во соопштението, Јанкулоска и Миков ќе разговараат за отворањето заедничка канцеларија за размена на информации на граничните премини Деве Баир - Ѓуешево, отпочнување преговори и формирање работни тела во насока на потпишување билатерален договор за локалниот граничен сообраќај и заедничка контрола на копнената граница, како и за соработката на двете министерства во областа на борбата против трговијата со дрога.
XS
SM
MD
LG