Достапни линкови

Калиште: Измените и дополнувањата на Уставот на МПЦ одложени за наредниот црковно народен собор


Членовите на Архиепископиот црковно-народен собор денеска во манастирискиот комплекс Калишта кај Струга едногласно одлучија точката од дневниот ред која се однесува на предлогот за измени и дополнување на Уставот на МПЦ да се одложи и да се разгледува на следниот црковно-народен собор. Истовремено од јубилејниот собор на ова највисоко црковно управно и законодавно тело на МПЦ упатен е апел до државниот врв за национално единство и единствен пристап во врска со прашањето околу разговорите за името со цел сите сили да се насочат кон запазување на националиот и духовен идентитет на македонскиот народ.
XS
SM
MD
LG