Достапни линкови

logo-print

Брисел: НАТО и ЕУ го осудија курдскиот напад на воен пункт


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер и претседателството на Европската Унија го осудија курдскиот напад врз воен пункт во Југоисточна Турција, на границата со Ирак. Во нападот петнаесет турски војници загинаа. Турската армија соопшти дека војниците возвратиле на нападот, при што, според локалните медиуми, биле ликвидирани 23 припадници на Курдската работничка партија, кои на турска територија упаднале од северен Ирак.
XS
SM
MD
LG