Достапни линкови

Пекинг: Кристофер Хил ги информираше кинеските власти за разговорите со северно корејските лидери


Американскиот заменик државен секретар Кристофер Хил денеска беше во посета на Пекинг. За време на престојот тој ги информираше кинеските власти за разговорите со северно корејските лидери за нуклеарно разоружување. Хил изјави дека нема напредок во разговорите со властите на Пјонгјанг. Северна Кореја повторно се закани дека ќе ја обнови нуклеарната програма, поради несогласувањата со Соединетите Држави околу договорот.
XS
SM
MD
LG