Достапни линкови

Охрид: Од лидерската средба в понеделник не треба да се очекива премногу, изјави Милошоски


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска од Охрид изјави дека од лидерската средба в понеделник не треба да се очекува премногу. Таа како што рече тој може да биде само добар вовед за она што допрва претстои. Тој исто така додаде дека на средбата очекува да има повеќе политичка аргументација за билатералниот спор. На прашањето дали повторно се враќа во игра двојната формула за името, Милошоски одговори дека на упатените во овој процес треба да им е јасно оти не е препорачливо така лесно, одредена позиција што се градела со години, да се напушта без соодветна аргументација. Инаку Милошоски учествува на конференцијата „Македонија во Европската Унија – Одредница за Европа“ која се одржува во Охрид.
XS
SM
MD
LG