Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Прва телевизиска дебата на потпретседателските кандидати во САД


Американските потпретседателски кандидати, републиканката Сара Пејлин и демократот Џо Бајден во првата телевизиска дебата одржана синоќа во Сент Луис се судрија околу прашањата поврзани за економската криза и за надворешната политика. Пејлин се спротивстави на планот на претседателскиот кандидат Обама за повлекување на американските сили од Ирак и го обвини за наивност поради неговата подготвеност да разговара со лидерите на Иран, Северна Кореа и Куба. Бајден пак изјави дека републиканскиот кандидат Мекејн не се разбирал во американската економија и оти во надворешната политика имал исти ставови како претседателот Буш.
XS
SM
MD
LG