Достапни линкови

Вашингтон: Ништо не е направено додека не е направено, Стејт Департментот за спорот со името


Ништо не е направено додека се не е направено. Ова е одговорот на портпаролот на американскиот Стејт Департмент Шон Мекормак кој на редовната прес конференција во Вашингтон беше запрашан дали на минатонеделните средби на државниот секретар Кондолиза Рајс во Њујорк бил забележан некаков прогрес за влез на Македонија во НАТО. Во врска со тоа дали несогласувањата меѓу премиерот Груевски и претседателот Црвенковски би можело да се одразат врз американските напори Мекормак вели: Ја продолжуваме работата со страните за изнаоѓање решение. Тој уште еднаш повтори дека американската влада веќе има донесено одлука за името: На таа земја и се обраќаме со Македонија, изјави Мекормак.
XS
SM
MD
LG