Достапни линкови

Средба закажана од денес за утре не е добро подготвена средба, оценуваат аналитичарите


Премеирот Груевски за во понеделник свика лидерска средба за имаето на која се поканети и претседателот Црвесновски , министрот за надворешни работи Милошоски и преговарачот Димтров.Како што е наведено во валдиното соопштрениете средбата се свикува бидејки СДСМ одбива да разговара за изборниот законик и уатсваните измени се додека партсиските лидети не раговаарт за името. Дали средбата се свикува само заради одбивањето на социјалдемократите да раговаарт за измнеите на кои инстира Груевски портпаролот на владата Шефик Дуракуи вели:

„Не, апсолутно. Целта на состанокот значи да се отворат сите теми, а се знае дека приоритетна тема е проблемот со името со Грција. На тој состанок ќе се разговара и за други теми, за изборниот законик и за законот за избор на претседател на држава.“

Престедателот на СДСМ Зоран Заев пак смета дека серизна е намерата на премиерот да се изгради заеднички државно партски став во очекување на новиот предлог од медијаторот Нимиц.

„До сега, владата настапува така што остава впечаток дека нема сериозни намери. Но, мислиме дека при вакви лидерски средби, каде што се присутни, покрај ВМРО ДПМНЕ и другите три најголеми партии во државата, каде што под пресија на медиумите и целосно фокусирање на јавноста, сепак несериозноста ќе биде оставена на некој второстепен план. Имаме надеж дека можеме да изградиме барем минимум принципиелни ставови за оваа работа.“

Дуарки пак е повоздржан за очекувањата од најавента средба

„Средбата е закажана за понеделник и не знаеме дали пред да се случи средбата ќе се усогласат ставовите.“

На средбата нема да се постигне никаков резултат бидејќи не е претходно подготвена смета аналитичарот Ризван Сулејмани. За да се свикаат партските лидери и државниот врв прво треба се да биде добро разработено на пониско ниво а тие само да пресечат за некои клучни прашања што сега не е случај смета тој:

„Една средба која ја свокувам денеска за утре, тоа не е добро подготвена средба и не може да се очекува пореален резултат.“

Инаку преговарачите Димитров и Василкаси според најавите во вторник во Њујорк ке седнат на заедничка маса со медијаторт Нимиц кој се очекува да изнесе конкеретн предлог.
XS
SM
MD
LG