Достапни линкови

Портпаролот на МПЦ г. Тимотеј вели дека овие информации не се вистинити


Спроти одржувањето на црковно народниот собор, портпаролот на МПЦ Тимотеј, повтори дека наводите во јавноста дека некои претставници на Синодот размислуваат името на Охридска Архиепископија кое е заштитено во Уставот да го дефинираат и во останатите акти на МПЦ не се вистинити, односно дека ова нема да биде ниту тема на Соборот. Тој повтори дека МПЦ претставува возобновен и легален наследник на Охридската Архиепископија:

„Не е отворена тема ниту ќе се отвори. Ние не бегаме од Охридска Архиепископија, тоа е кажано во нашиот Устав и во преамбулата и тоа не од денеска туку од 1958 година.“

Но дел од екперите велат дека наводите дека МПЦ правно ќе се прецизира со Охридска архиепископија претставува историски континуитет од 1945-та година наваму, кога на првиот Црковно народен собир со одлуките се барало возобновување на Охридската архиепископија, се до 1958 година кога е донесена одлука, епархијата во Македонија да се осамостои во самостојна црква со името МПЦ. Според Цане Мојановски совпаѓањето на оваа иницијатива во време кога се интензивираат настојувањата за решавање на прашањето на името на државата е контекст. Иницијативата денес тој ја разгледува во рамки на православниот свет каде обраќањето постои по две линии. Етнофилизам се вика кога обраќањето се означува по национална основа како на пример руска, српска или бугарска православна црква, додека во вториот случај обраќање би било поблиску до догмата на православниот свет како на пример терминот Атинска архиепископија , ерусалимска итн:

„Во основа тука се два пристапи едниот кој што исклучиво инсистира на строгото правило на догмата, а другиот кој што повеќе сака да ги цени реалностите. Ние уште долго време во православниот свет, особено заради силното влијание на Грчката црква, а сакам да кажам дека и Цариградската патријаршија има влијание, дека тој принцип треба полека да се совладува затоа што Московската патријаршија има две имиња, Московска патријаршија и Руска православна црква, иако најчесто се употребува вториот термин. Проблемот го набљудувам како обид на МПЦ јасно да го изрази тој историски континуитет.“

вели Мојановски. Освен српската, романската, руската, грузиската и македонската и другите православни цркви во насловите ги имаат историските имиња .
XS
SM
MD
LG