Достапни линкови

Берлин: Тадиќ - Европските интеграции на Србија не може да бидат условувани со признавање на Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави вчера во Берлин дека европските интеграции на Србија никој не може да ги условува со нејзиното признавање на независноста на Косово и изрази очекување дека Меѓународниот суд на правдата ќе се изјасни во корист на легитимните интереси на земјата. „На евентуалната „непристојна понуда“ ќе одговориме со ставот дека ние го браниме интегритетот на земјата“ им рече на новинарите Тадиќ кому денеска во берлин ќе му биде врачена угледната германска награда политичар на годината на национално ниво.
XS
SM
MD
LG