Достапни линкови

СДСМ го отвори и прашањето за името и побара лидерска средба со државниот врв на оваа тема


Без да постигнат консензус, лидерите на четирите најголеми партии за една недела закажаа нова лидерска средба на која ќе ги продолжат разговорите. Претседателите на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев и премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на средба повторно со различни и не приближени ставови за промената на Уставот за намалувње односно укинување на цензусот за избор на претседател на државата, и изборниот законик со што ќе се овозможи гласање на дијаспората и десет загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници. Сепак на средбата најмногу доминирало прашањето за името иницирано од СДСМ. В. Д претседателот на оваа партија Зоран Заев рече дека инсистираат на лидерска средба која доколку не ја закаже премиерот Никола Груевски ќе побараат да ја свика претседателот Бранко Црвенковски на која ќе се усогласат ставовите по ова прашање, пред разговорите в среда на македонските преговарачи со медијаторот Метју Нимиц на која треба да биде доставен нов предлог:

„Точно е дека се важни прашања и изборниот законик и амандманот за Уставните измени, но во моментов нема поважно прашање од името.“

Рече Заев. Премиерот Никола Груевски пак по средбата изјави дека ставот на ВМРО ДПМНЕ по прашањето за името е јасен, тоа е двојната формула, за разлика од СДСМ која рече нема прецизен став:

„Не го чувме денеска ставот на СДСМ по однос на името. Останува оној последниот на г-динот Заев дека треба ,,да ја свиткаме кичмата по однос на името“ затоа што денеска нов став не ни соопшти.“

изјави премиерот Груевски. ВМРО ДПМНЕ смета дека лидерска средба за името треба да се одржи, но откако ќе се реализираат разговорите со Нимиц.
Инаку во врска со она што беше тема на денешните разговори, измената на Уставот за избор на претседател, СДСМ предложила цензусот да биде намален на 40%, додека ВМРО ДПМНЕ побарале време да размислат, но според нив најдобро е тој да биде укинат. ДУИ останува на ставот дека претседателот на државата треба да се бира во Собранието со Бадентерово мнозинство, а ДПА бара потпретседателска функција:

,,Ние го повторивме ставот на ДУИ претседателот да се избира во Собранието и сите четири партии се спремни за овие теми да изградиме консензуален став.

Очигледно е дека ова е надмудрување посебно помеѓу македонските политички партии, а од друга страна и помеѓу коалиционите партнери.“


Изјавија Џевад Адеми од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Партиите со различни идеи и за изборниот законик. И за нив ќе се усогласуваат на новата лидерска средба идната недела.
XS
SM
MD
LG