Достапни линкови

logo-print

Скопје: Лидерите повторно се договорија само за нова лидерска средба


Со чести паузи и координации со своите тимови, лидерите на четирите најголеми полтички партии, премиерот Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев и на ДПА Мендух Тачи на средбата сеуште дебатираат за уставните измени и изборниот законик. Како што се дознава, тие главно се договориле да се фокусираат на прашањето за измена на Уставот со што се предвидува намалување или укининување на цензусот за избор на претседател на државата во вториот изборен круг. ДУИ за ова прашање како што брифираат партиски избори побарале претседателот да се избира во Собранието со Бадинтеровото мнозинство. А, ДПА начелно го прифатила предлогот за цензусот, доколку се оди на формирање на потпретседателска функција со која би раководел Албанец. СДСМ пак го изнеле ставот претседателот на државата да се избира со 40 проценти цензус, а ВМРО ДПМНЕ начелно изразиле подготвеност да се најде компромис за 30 процентен праг. На средбата се отвориле прашањата и за измената на изборниот законик, односни неговата измена, со што ќе се овозможи гласање на дијаспората и загарантирани десет пратенички места за помалите етнички заедници. Кај ВМРО ДПМНЕ и СДСМ нема големи недоразбирања во делот на гласањето на дијаспората, додека во делот на фиксните квоти за помалите етнички заедници опозициониот СДСМ побарале најпрво за тоа да се изјаснат помалите етнички заедници, а потоа и албанските партии. Инаку, во врска со гласањето на дијаспората, во албанскиот политички блок, поточно во ДПА, побарале тие да бидат вклучени во гласањето, односно не се противат, но да бидат вклучени само како една изборна единица. Во врска со ова прашање ДУИ пак побарала дополнително време за размислување. СДСМ исто така побарале и претседателот на ДИК, прашање што не е опфатено со изборниот законик да и припадне на опозицијата. Лидерите, информираат партиски извори, го отвориле и прашањето за името. СДСМ побарала сега да се изгради став по ова прашање, додека владеачката ВМРО ДПМНЕ предложила тоа да биде по разговорите на нашите преговарачи Димитров и Протогер со медијаторот Метју Нимиц. Инаку, ова е втора лидерска средба. На разговорите минатиот четврток не беше најден компромис по овие прашања.
XS
SM
MD
LG