Достапни линкови

Можно е Американците како гест да почнат да не нарекуваат со новото име


По кавгата меѓу премиерот и претседаталот поврзана со спорот со името нема нови моменти ниту придвижувања - велат од државниот врв кој е во исчекување на предлогот од медијаторот Нимиц. Според некои гласини тој идната среда во Њујорк планира на преговарчите Димитров и Василакис да им го врачи предлогот во писмена форма. Засега информацијата за оваа средба не ја потврдуваат и официјално.
Грчките медиуми пак веке извесно време шпекулираат дека средбата би се одржала на почетокот на следната недела но и тамошните власти не го потврдија тоа. Каков став ке му соопшти Димитров на Нимиц стана уште по неизвесно по понеделничката координација на државниот врв на која наместо усогласување на позицијата на виделина излегоа несогласувањата. ВМРО ДПМНЕ вчера соопшти дека тие стојат на двојната формула како решение со појаснување дека под тоа подразбираат употреба на уставното име во целиот свет и во сите меѓународни организации и институции, како и во билатерална употреба со другите земји и едно име што би се употребувало само во релациите со Грција. Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски во интервјуто дадено за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува во недела вели дека засега не е јасно што предвидува предлогот кој што го очекува во однос на употребата на новото име

„Може да се случи, Американците како гест, ако тој договор дефинитивно се склопи прифатат тие да не нарекуваат со новото име за да ја добијат грчката согласност. Но, тоа не може целосно да се наметне, затоа што има држави кои нема да го прифатат тоа. Верувам дека Турција нема да го прифати тоа и ќе не нарекува Република Македонија.“

Фрчковски очекува дека во новиот предлог ке се оди со генерална препорака за што пошироко користење на компромисно име но без уставни промени. Како и да е смета тој предлогот кој ке биде ставен на маса и со кој ке се гарантира нашиот идентите е добар за нас:

„Тој пакет е добар пакет и не треба да се пропушти од нашите внатрешни политички лутања. Но, мислам дека Американците го буткаат тој крој и ќе го наметнат до крајни граници. Тоа секако не може да биде без наша согласност, целосно наметнување, но ќе го наметнат до момент на тешко одбивање.“

Инаку по минатоденелните средби на претседателот Црвеснкосвки со американскиот фукцинер Даниел Фрид во Њујорк што се кометираше како дел од притисокот на Вашингтон за наогање на спорот денеска претседателот во Брисел се срекава и ссо еврокомесарот за проширување Рен, со високиот претставник на унијата за надворешна и безбедносна политика Солана и со генералниот секеретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер. Дека името е една од темите и во Брисел потврдува и вчерашната средба на Црвенковски со белгискиот премиер Ив Летер кој изјави дека разликите околу името претставуваат реална пречка во интегративните процеси.
XS
SM
MD
LG