Достапни линкови

logo-print

Нема приближување на ставовите по минатонеделните разговори


Повторно со различни ставови, денеска лидерите на четирите најголеми партии уште еднаш ќе сретнат во обид за меѓусебно усогласување. В.Д претседателот на СДСМ Заев, на ДПА Тачи, и на ДУИ Ахмети по иницијативна на премиерот Никола Груевски повторно ќе разговараат за уставните измени во делот на укинување на цензусот за избор на претседател на државата во вториот изборен круг, и за измени на изборниот законик со што ќе се овозможи гласање на дијаспората и загарантирани 10 пратенички места за помалите етнички заедници. Опозициониот Социјалдемократски сојуз, начелно се согласува со предлогот за гласање на дијаспората и фиксните квоти за помалите етнички заедници, но бара тие прецизно да се регулираат. Во делот на изборот на претседател на државата пак, од оваа партија со свој предлог:

„Само 40% цензусот е нашето барање, со што однапред го дефинираме идниот претседател со легитимитет, ќе одиме на непосредни избори, а притоа и албанскиот електорат ќе биде важен предуслов за избор на новиот претседател. Мислиме дека со ова предлог решение ги исполнуваме сите очекување.“

Изјавува в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев кој вели дека за сето ова ќе разговараат само доколку претходно добијат гаранции од власта дека ќе го почитува законот за Државната изборна комисија:

„И претседателот на ДИК ќе и го даде на опозицијата. Значи тоа е законско решение за кое однапред бараме ветување од страна на власта дека ќе го почитува.“

За Уставните измени за избор на шеф на државата, различни гледања имаат и албанските политички партии. Во ДПА се противат на укинување на цензусот и бараат :

„За прашањето за потпретседател на државата, што е идеа на ДПА ќе побараме ова прашање да се регулира во Уставот на Македонија.“

Вели портпаролот на ДПА Адриатик Имери. ДУИ пак предлага претседателот на државата да се бира во Собранието, а за оваа партија најспорен е предлогот за загарантираните десет места за помалите етнички заедници во Парламентот. Џевад Адеми од оваа партија посочува:

„Ние бараме гаранции за изборниот законик дека нема да се поремети двојното мнозинство односно бадентеровиот принцип.“

Изјавува Адеми. На средбата најверојатно ќе има барање да се разговара и за други теми. СДСМ веќе најави дека ќе побара информација за прашањето за името, а ДПА за Косово и за законот за амнестија за што денеска испратиле писмо и до генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер за автентично толкување на законот.
XS
SM
MD
LG