Достапни линкови

logo-print

Македонските политичари велат дека треба да се покаже присебност, а не расправии


Кавгата меѓу премиерот Груевски и претседателот Црвенсковски околу ставовите и начинот на разрешување на спорот, произлегува од тоа што преговорите за името со Грција влегуваат во деликатна, можеби завршна фаза, сметаат дел од македонските политичари. Чувствителен период во кој сме изложени на притисоци од Брисел и Вашингтон, така Тито Петковски од опозицината Новасоцијалдемократска партија го дефинира моментот:

„Toa по малку ги прави нервозни, многу повеќе премиерот отколку претседателот, и претпоставувам дека тоа е основната причина зошто меѓу себе имаат такви жестоки расправии.“

Петковски инстира дека собраниската седница за градење на држвана стратегија за надворешна политија за која тие поднесоа иницијатуива е многу важна но како што вели нејзнито одржување го кочи премиерот

„Претседателот ја прифати нашата иницијатива, писмено не извести дека ја прифаќа иницијативата да дојде во Собранието и да ги изложи ставовите како мисли да се решава проблемот со спорот.“

Проблемот со името влегува во завршна фаза и тој полесно ќе се реши доколку не се овие расправии, вели Џеват Адеми од владеачката ДУИ. Двете клучни фигури кои треба да го донесат компромисот односно претседателот и премиерот си ја префрлаат одговорноста меѓусебно, смета Адеми:

„Не би требало да е така и претседателот и премиерот треба најодговорно да се однесуваат, а не вината да ја бараат меѓу себе. Ние сите и претседателот и премиерот и собранието и политичките партии треба да создаваме клима ова прашање да се реши.“

Аналитичарот Гунер Исмаил за разлика од пратениците вели дека не е сигурен дека прегоровите се наогаат во завршна фаза.Според него проблeмот со името мегу Атина и Скопје е само дел од корпусот нерешени балкански прашања како што е и статусот на Косово.

„Мислам дека станува збор за преговори на многу ниво, на едно многу поглобално ниво. Но сосема седно нервозата во државниот врв, сепак произлегува од тоа дека ние всушност во целата оваа работа може да останеме во ,,куси ракави.“

Според Исмаил опасноста која ни се заканува е преговорите да влезат во таканаречена замрзната фаза со што ќе се закочат и нашите евроатлантски интеграции. Инаку според грчките медими можно е медијаторот Нимиц наскоро да ги посети Атина и Скопје и својот предлог да го достави до лидерите на двете земнји кои ќе треба да се изјаснат. Според други информации пак преговарачите Димитров и Василакис на почетокот на месецов ќе се сретнат со медијаторот кој ќе излезе со конечен предлог.
XS
SM
MD
LG