Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш денеска ќе се сретне со командантот на НАТО силите о Авганистан


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе се сретне со командантот на силите на НАТО во Авганистан генерал Дејвид МекКирнан, по информациите за растечкото насилство во таа земја. Како што јавуваат светските агенции, најмалку 221 странски војник, повеќето Американци, загинале оваа година во Авганистан. Претседателот Буш неодамна нареди испраќање на дополнителни 5 000 војници во оваа земја.
XS
SM
MD
LG