Достапни линкови

Скопје: Преговорите за името да не се употребуваат за градење политичка кариера, одговара Груевски


По повод муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам Премиерот Никола Груевски имаше обраќање до медиумите, кое исто така, како што се вели во обраќењто го користи и за синоќешните навреди и клеветите исфрлени од страна на претседателот Бранко Црвенковски. Груевски изјави дека Македонија е во завршната фаза на преговорите што се водат во Обединетите нации, под медијаторство на Метју Нимиц, посочувајки дека ова не се преговори со кои некој треба да си ја гради сопствената политичка кариера и да се промовира во иден опозиционен лидер. Инаку, по вчерашната координација премиерот и претседателот излегоа со одделни изјави. Премиерот одбегна да соопшти детали од средбата, додека пак по неговата изјава Црвенковски свика прес конференција на која го повика Груевски да биде поодговорен и посериозен.
XS
SM
MD
LG