Достапни линкови

Вашингтон: Буш ќе продолжи со работа на економскиот план за спасување на финансискиот систем


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ќе продолжи со работата на економскиот план за спасување на американскиот финансиски систем. Ова забелешка на Буш доаѓа еден ден откако Преставничкиот дом на Америка не го прифати владиниот план вреден 700 милијарди долари, за стабилизирање на финансискиот сектор во земјата. Буш повтори дека е разочаран од ова одлука и го предупреди Конгресот да најде побргу решение за излез од кризата, во спротивно, како што рече тој последиците ќе бидат поголеми.

- Нашата економија зависи од одлуките на владата. Што поскоро го решиме проблемот, побргу ке почнеме да се развиваме и ќе креираме нови работни места.

По неприфаќањето на владиниот план, акциите на Вол Стрит паднаа за уште 7 проценти. Американската финансиска криза продолжува да влијае и на светските берзи.
XS
SM
MD
LG