Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Сергеј Лавров се заложи за нов систем на колективна безбедност


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров повторно се заложи за нов систем на колективна безбедност во Европа. Говорејќи пред новинарите во Обединетите нации, Лавров оцени дека сегашниот безбедносен систем покажал големи недостатоци и притоа како примери ги посочи проширувањето на НАТО кон исток и конфликтот во Јужна Осетија. Според него, веќе не се почитуваат принципите на кои се базира колективната безбедност а тоа се суверенитетот, територијалниот интегритет и немешањето во внатрешните работи на други држави.
XS
SM
MD
LG