Достапни линкови

Минск: Првични резултати од изборите во Белорусија - опозицијата без ниту еден пратеник


Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори во Белорусија, опозиционите партии не освоиле ниедно пратеничко место, соопшти денеска Централната Изборна Комисија. Парламентот на Белорусија повторно ќе биде составен од претставници на партиите лојални на претседателот Александар Лукашенко. Опозицијата оцени дека изборите биле фарса, а лидерот на Обединетиата Граѓанска Партија Анатолиј Лебедко ги повика Соединетите Држави и Европската Унија да не ги признаваат резултатите.
XS
SM
MD
LG