Достапни линкови

700 милијарди долари за лошите заеми и „зауздување“ на финансиската криза


Американските законодавци се очекува денеска да гласаат за владиниот фонд од седумстотини милијарди долари со кој ќе ги купи таканаречните лоши заеми со цел да се надмине финасиската криза во земјата. Најавено е Претставничкиот дом да гласа денеска, а Сенатот во текот на неделава.

Спасувачкиот план е најголемата владина интервенција во финасиските пазари од Големата депресија во триесетите години на минатиот век. Со него и се овозожува на американската администрација да презема огромни сметки од обезвреднетите акции на финансиските компании. Попрецозно, на владата и се даваат широки овластувања парите на даночните обврзници да ги користи за исплата на милијарди долари за хипотеки кои ги држеа тие компании и кои останаа без готови средства. Претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека цел на планот не е да го спаси Вол стрит, туку да заштити даночните обврзници и да ја заживее американската економија.

„Испративме порака до Вол стрит дека забавата заврши. Ерата на златни летачи на големи височини на Вол стрит заврши. Веќе американскиот даночен обврзник нема да дава гаранции за авантуризмот на Вол стрит и тоа е новината што ја носи оваа легислатива.“

Изјави Пелоси. Лидерот на мнозинството во Сенатот Хери Рид пак најавувајќи го гласањето во двата дома на Конгресот изрази надеж дека планот ќе помине, со оглед на тоа што за него се изјаснија и претседателските кандидати на демократите и на републиканците.

„Имаме поддршка и од двајцата претседателски кандидати и тоа го цениме. Тие го потпишаа планот оценувајќи го како добар. Сега треба да ги добиеме гласовите.“

До американскиот договор доаѓа во момент кога почнаа да се шират се повеќе лоши финансиски вести од Европа. Белгиско холандската финансиска група Фортис е купена од Европската централна банка, британските регулатори паксе подготвуваат да ја национализираат хипотекарната фирма Бредфорд и Бингли, а во Германија Хипо риал естате веќе е во разговори со министерството за финансии за рефинансирање на долговите.
XS
SM
MD
LG