Достапни линкови

Сомалија: Пиратите кои киднапираат украински брод бараат еден милион долари откуп


Пиратите кои киднапираа украински брод товарен со оружје во близина на брегот на Сомалија, според извештаите бараат еден милион долари откуп. Американски воени бродови го надгледуваат украинскиот брод за да осигураат дека пиратите нема да растоварат опрема од него. Руски воен брод исто така се упатил во регионот. Украинскиот брод имал 21 член екипаж, од Русија, Украина и Литванија, а според капетанот на бродот еден од членовите на екипажот починал од висок крвен притисок.
XS
SM
MD
LG