Достапни линкови

Скопје: Франција свесна за напорите на Македонија, изјави државниот секретар на одбрана


Францускиот државен секретар за одбрана Жан-Мари Бокел кој попладнето пристигна во Македониа, по средбата со владини преставници изјави дека Франција, која во моментов претседава со Советот на Европската Унија е свесна за напорите што ги прави Македонија, особено во последните години. Тој додаде дека Франција ги поддржува аспирациите на како што рече, вашата земја за приклучување кон Унијата и за полноправно членство во НАТО. За спорот со името што го има Македониај со Грција, Бокел изјави дека за време на француското претседавање со Унијата се работи за поскоро да се најде взаемно прифатливо решение, додавајќи дека компромис за тоа ќе треба да биде направен во рамките на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG