Достапни линкови

Прага: Продолжуваат напорите за ратификација на Лисабонскиот договор


На првата средба, која се одржа во изминатите два дена во Чешка, претседателите на парламентите од 11 држави членки на Европската унија зазедоа став во Прага дека ќе продолжат со напорите Лисабонскиот догвор да биде ратификуван. Претседателот на чешкиот Сенат, Пршемисол Соботка изјави дека парламентите имаат можност да влијаат врз политиката на своите држави и спрема Унијата. Единаесетте држави се над една третина од државите-членки и не е добро да се потценува нивната улога, додаде Соботка. Во јуни Ирска го отфрли договорот на референдум, а според правилата Лисабонскиот договор ќе влезе во сила откако ќе биде ратификуван од сите членки на заедницата.
XS
SM
MD
LG