Достапни линкови

Таџи: Колона на АРМ во Ирак налета на мина, повредени нема


Министерството за одбрана денеска соопшти дека колона од контингентот на Армијата на Република Македонија вчера во Таџи, Ирак налетала на импровизирана експлозивна направа. Во несреќата повредени нема. Во соопштението стои дека сите припадници на армијата кои во моментов се распоредени на извршување задачи во мисијата „Слобода за Ирак“ , се чувствуваат добро и продолжуваат со извршување на редовни задачи во рамките на мисијата. По извршување на увидот, колоната безбедно се вратила во базата во Таџи.
XS
SM
MD
LG