Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Критики од Кина за Буш поради телефонскиот разговор со Далај Лама


Кинеските власти денеска упатија критики до американскиот претседател Џорџ Буш, поради телефонскиот разговор со тибетскиот духовен водач Далај Лама. Во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи стои дека овој чин преставува мешање во внатрешната политика на државата и дека со тоа Америка покажува дека ја поддржува независноста на Тибет. Буш во телефонскиот разговор искажал загриженост за здравствената состојба на Далај Лама.
XS
SM
MD
LG