Достапни линкови

logo-print

Двајцата се соочија со прашања за надворешната политика, даноците и државната политика


Во првата предизборна ТВ дебата двајцата главни против кандидати за ноемвриските американски претседателски избори се соочија за прашања од надворешната политика, даноците и државната потрошувачка. Сенаторите Демократот Барак Обама и Републиканецот Џон Мек Кејн синоќа од Универзитетот во Мисисипи упатија тешки зборови кон Русија поради воената интервенција во Грузија.

,,Со оглед на случувањата изминативе недели и мсесеци нашаиот приод кон русија треба да биде сменет, поради тоа што рускиот приод е агресивен и е закана за мирот и стабилноста во регионот.“

Обама ја обвини актуелната администрација за лоша проценка на руското раководтсво, посетувајки дека Претседателот Буш за рускиот лидер Путин зборувал како за човек од доверба кога му погледнал во очите. Републиканецот Мек Кејн исто така ја осуди руската интервенција во Грузија.

„Русија сега е нација полна со петро долари со во основа влада на апаратичкот на КГБ. Во очите на господин Путин јас видов три букви КГБ.“

Обама и МекКејн се судирија и околу начинот на справувањето со иранската нуклеарна закана.
XS
SM
MD
LG