Достапни линкови

Спорјување на безбедноста и политиката во Македонија


Спојување на безбедноста и политиката, е насловот на написот во Џејнс интелиџенс дајџест посветен на најновите измени на законите што се однесуваат на македонскиот контраразузнавачки сервис. Со нив Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање ја зголемуваат својата моќ не толку во безбедноста, колку во политичката контрола.

Новата легислатива за проширување на овластувањата на македонскиот контраразузнавчки сектор и неодамнешниот ребаланс на буџетот со кои драматично се зголемуваат неговите техонолшки капацитети ги зачудија странските дипломати во Скопје, се наведува во текстот на Џејнс Интелиџенс Дајџест во кој се додава: И додека овие потези делумно произлегуваат од претходните полициски реформи, тие исто така ги рефлектираат амбициите на владата, поддржана од импресивното прикажување на годинашните парламентарни избори. Опозиционите политичари и нивните приврзаници ја обвинија владата дека планира да го злоупотреби Министерството за внатрешни работи да потегне политички мотивирани потези кои ќе ги нарушат граѓанските слободи. Исто така постои загриженост дека владата ќе ја промени генералната институционална структура на разузнавачките служби. Во написот се прецизира дека новата влада ја искористила предноста на апсолутното мнозинство за да донесе, како што се наведува, од јули досега сто и шеесет нови закони. Исто така таа го ребалансира буџетот, а најголем победник е и онака моќното министерство за внатрешни работи кое доби дополнителни шеесет и три милиони евра. И додека повеќето од средствата ќе одат за плати, возила и униформи, необелоденета сума ќе биде потрошена за нова технологија за прислушување. Најсофистицирана опрема ќе биде наменета за Управата за безбедност и контраразузнавање која добива дваесет и четири милиони евра. Зголемувањето на буџетот и новата легислатива делумно се предвидени и со стратегискиот план на министерството за внатрешни работи објавен пред една година каде што тоа се образлага со борбата против тероризмот, корупцијата и организираниот криминал. Меѓутоа, клучната реформа во законот за комуникациско следење што помина на втори овој месец предизика контроверзи. Критичарите велат дека станува збор за големо проширување на овластувањата што полицијата ќе ги искористи за политички цели. Џејнс Интелиџенс дајџест цитрира неименуван висок претставник на Европската унија во Македонија кој се сомнева дека зголемувањето на буџетот за разузнавањето е поради опасноста од тероризмот, туку дека тоа се прави за консолидирање на контролата на владејачката партија. Со зголемениот буџет ќе се УБК ќе ја консолидира својата доминантна улога меѓу македонските разузнавачки служби, а се шпекулира дека министертвото за внатрешни работи ќе ја асимилира и Агенцијата за разузнавање која е под раководство на шефот на државата. Долгорочно, растечката нерамнотежа на моќта меѓу македонските тајни служби би можело да има политички последици, но и да доведе до промена на односите меѓу домашните разузнавачки органи, се наведува во текстот објавен во Џејнс Интелиџенс Дајџест.
XS
SM
MD
LG