Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Се надевам дека Атина и Скопје што е можно побрзо ќе постигнат компримис, изјави Рајс


Се надевам дека Атина и Скопје што е можно побрзо ќе постигнат заеднички прифатливо решение за името. Тоа ќе го овозможи приемот на Македонија во НАТО, што САД силно го поддржуваат, изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс пред вчерашната средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во Њујорк.Најважно е прашањето да се реши што е можно побрзо. Се обидуваме да помогнеме да се најде решение што ќе биде прифатливо и за двете страни, истакнала Рајс. Нејзниот заменик Даниел Фрид на средбата со македонскиот претседател Црвенсковски како што јавува МИА ја пренел истата порака. САД очекуваат од Македонија и од Грција да покажат сериозен пристап околу последните идеи на посредникот Нимиц. Треба да се направи се за да се најде решение што на Македонија ќе и ги отвори вратите на НАТО и на ЕУ посочил Фрид.
XS
SM
MD
LG