Достапни линкови

Носам топли поздрави од нашиот претседател Џорџ Буш и од американскиот народ


Новиот американски амбасадор во Република Македонија Филип Рикер пристигна во земјава. Откако по едномесечно одложување поради притисоците на грчките лобисти беше одобрена неговата номинација во почетокот на август.

„Носам топли поздрави од нашиот претседател Џорџ Буш, од државниот секретар Кондолиза Рајс и воопшто од американскиот народ. Имав кратка посета во Брисел, имав шанса да се сретнам со македонските претставници, дел од моето срце остана секогаш во вашата земја.“

изјави Рикер по слетувањето на македонскиот аеродром.

Еден од главните негови приоритети како што и самиот образложи на јавното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, се очекува да биде брзото решавање на спорот за името, да се охрабрат двете страни да најдат заемно прифатливо решение што би било од најголем интерес како што рече за Макеоднија но и за Грција и за целиот регион. Грчкото лоби својот притисок врз одредени Сенатори против неговото номинирање го образложија со аргументите дека тој застапувал промакедонски ставови. Потоа, неговото именување беше одобрено откако Стејт Департментот дал одговори за проблемот со името што ги задоволиле грчките лобисти. Рикер ќе ја нсаледи досегашната амбасадорка во македонија, Џилиен Миловановиќ која на својата функција беше од 2005 година. Во Македонија доаѓа од позицијата шеф на бирото за односи со јавноста во американската амбасада во Багдад. На македонската јавност и е познат од времето кога беше задолжен за односи со јавноста во американската амбасада во Скопје од 1997 до 1999 година како личен портпарол на амбасадорот Кристофер Хил . Беше портпарол и во преговорите во Рамбује за идниот статус на Косово. Од 2000-2003 година Рикер беше заменик портпарол на Стејт департментот а ја вршеше и функцијата заменик на американскиот амбасадор во Будимпешта. Рикер важи за добар познавач на состојбите на балканот и одлично го зборува макеондскиот јазик. Акредитивните писма ќе му ги предаде на македонскиот претседател Бранко Црвенковски следната недела.
XS
SM
MD
LG