Достапни линкови

logo-print

Анкара: Договорот за изградба на првата нуклеарна централа во Турција догодина?


Договорот за изградба на првата нуклеарна централа во Турција може да биде потпишан до ноември идната година, изјави денеска заменик-претседателот на руската компанија „Атомстрој експорт“ Александар Глухов, на меѓународниот енергетски форум во Киев. Претставниците на комисијата на турското државно претпријатие за електрична енергија соопштија дека руската компанија е победник на тендерот. Нуклеарната централа ќе се гради во Акуј, во јужна Турција. Предвидено е централата да има моќност до пет илјади мегавати.
XS
SM
MD
LG