Достапни линкови

Скопје: Одложен стартот на седницата на комисијата за имунитетот на Џафери и Џемаили


Мандатно-имунитетната собраниска комисија го одложи стартот на седницата за вечерва. Според првичниот дневен ред требаше да се расправа за одземање на имунитетот на двајцата пратеници од ДУИ, Талат Џафери и Хисен Џемаили. Во пресрет на седницата, Тетовскиот суд го повлече барањето Собраниската комисија да расправа дали пратеникот Талат Џафери има право да се повикува на пратеничкиот имунитет во судскиот процес. Мандатно имунитетната комисија вечерва ќе расправа само за одобрување на притвор на пратеникот Хисен Џемаили. Џафери се товари за попречување на службено лице во извршување на должност за време на изборите а Џемаили е обвинет во случајот со малтретирањето на градежните работници од претпријатието Маврово.
XS
SM
MD
LG