Достапни линкови

Њујорк: Грција ги опструира интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ, обраќање на Црвенковски


Претседателот Бранко Црвенковски во обраќањето пред Генерално собрание на Обединетите Нации истакна дека интеграцијата во Европската Унија и НАТО се врвни приоритети на Македонија и сите напори и значаен дел од националните ресурси се насочени за остварување на тие цели. За жал, како што рече Црвенковски на Самитот на НАТО во Букурешт се случи меѓународен преседан со кој тесниот национален интерес на една земја беше претставен како поважен од принципите на меѓународното право. Тој укажа и дека Грција, користејќи ја својата позиција на постојана членка, со слична аргументација почна да го опструира и македонското интегрирање во Унијата.
XS
SM
MD
LG