Достапни линкови

Партиите не се согласуваат со предлогот за измена на Уставот во делот на избор на претседател


Лидерите на четирите најголеми политички партии – в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДПА Тендух Тачи и на ДУИ Али Ахмети, не постигнаа согласност на денешната лидерска средба по иницијатива на премиерот Никола Груевски на која се расправаше за промена на Уставот за укинување на цензусот за избор на претседател на државата во вториот круг и за промените на изборниот законик со кој ќе се овозможи гласање на дијаспората и ќе им се гарантираат десет пратенички места на етничките заедници. Имено, тие отвориле многу прашања, изразиле повеќе сугестии по иницијативите и договориле повторно да се сретнат за една недела за да се искристализираат работите. Премиерот Никола Груевски по средбата изјави:

,,Имаме тесни рокови, од причина што законот е важен да се донесе пред извештајот на Европската Унија, тоа е еден од осумте бенчмаркови и е важно да се донесе што порано за да ,,влезе“ во извештајот како позитивна работа. Уставот односно измената доколку дојде до неа, исто така е важна затоа што најкраткиот рок за промена на Уставот е три месеци, а со оглед на тоа дека претседателските избори се во март најдобро е што побрзо да се почне.“

Главно партиите од албанскиот блок, вклучувајќи ја и владеачка ДУИ не се согласуваат за промена на Уставот со што претседателот на државата во вториот круг би се избирал без цензус:

„Ние како партија настапивме со идеа претседателот да биде избран од Парламентот, следејќи ги примерите од европските држави.“

„Доколку кандидатот за претседател има кандидат за потпретседател кој ќе биде албанец нема да имаме проблем со цензусот. Сепак сеуште се разговара.“


Изјавија претседателите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Во врска со загарантираните десет пратенички места за етничките заедници, албанските партии бараат допрецизирање на ова прашање. И СДСМ бара дообјаснување на предлогот за измена на изборниот законик во делот со кои им се гарантираат десет пратенички места на заедниците, како и за предлогот на гласањето на изборите да биде вклучена и дијаспората, иако како што беше речено, начелно за ова имаат позитивен став. Во врска пак со уставните измени за избор на претседател на државата, в.д. претседателот на оваа партија Зоран Заев рече:

„Телефонски бевме информирани дека ќе разговараме за намалување на цензусот од 50 на 30%, а денеска ни беше речено дека овој цензус воопшто нема да постои.“

Ова беше прва лидерска средба по речиси пет месеци и прво среќавање на лидерите по предвремените парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG