Достапни линкови

logo-print

Скопје: Заврши лидерската средба без договор за измените во уставот и изборниот законик


Во клубот на пратениците штотуку заврши лидерската средба на иницијатива на премиерот Никола Груевски, а на која присуствуваа претседателите на четирите најголеми политички партии, в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, како и министерот за правда Михајло Маневски. На средбата не дошло до договор, се отвориле многу прашања и договорена е нова средба за седум дена. Инаку, на денешната средба се разговараше по иницијативите на власта, а тоа се измените на Уставот со што ќе се овозможи претседателот на државата во вториот круг да се избира без цензус и за промената на изборниот законик, со што ќе им се даде право на гласање на оние од дијаспората, како и загарантирани десет места за етничките заедници во парламентот. Главно она што го побарале лидерите од премиерот како што изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи е да се даде прецизна бројка на гласачи од дијаспората и начинот и местото на гласање, како и колкави ќе бидат трошоците за државата. Во врска пак, со фиксните квоти на етничките заедници, лидерите на партиите побарале од власта објаснување како е дојдено до бројката од десет пратенички места за нив. Исто така имало и многу прашања во врска со цензусот за избор на претседател. Конкретно, опозиционата СДСМ побарала дали власта предлага целозно укинување на цензусот или пак намалување. Она што пред малку беше изјавено од лидерот на ДПА Мемдух Тачи кој прв даде изјава по средбата е дека на средбата исто така албанските политички партии побарале автентично толкување на законот за амнестија. Исто така, се зборувало и за употребата на законот за јазиците, за припадниците на ОНА, а станало збор и за признавањето на Косово. За седум дена е договорена нова лидерска средба.
XS
SM
MD
LG