Достапни линкови

Одобрување на легислативата или економска катастрофа


Итно одобрување на легислативата за спас на американскиот финансиски систем или можна економска катастрофа, предупреди Претседателот Џорџ Буш. И покрај скептицизмот на многу законодавци се очекува Конгресот да го одбри пакетот вреден 700 милијарди долари.

Соединетите Држави се соочуваат со сериозна финансиска криза и потребно е Конгресот итно да ја усвои предложената легислатива за да се спречи можна економска катастрофа, порача во телевизиското обраќање од Белата Ќуќа американскиот претседател Џорџ Буш.

„Околностите не се нормални. Пазарот не функцинира правилно. Има широка загуба на довербата и главните сектори на американскиот финансиски систем се соочуваат со ризик да бидат затворени. Владините најдобри економски експерти предупредуваат дека без итна акција на Конгресот, Америка ке влезе во финансиска паника и застрашувачко сценарио.“

Буш бара Конгресот да ги одобри 700 те милијарди долари за спас на проблематичните банки и за стабилизација на економијата. Ризикот е вели Буш, загуба на милиони работни места. Тој ги покани за денеска во Белата Куќа двајцата водечки кандидати за иден американски Претседател - Републиканецот Џон МекКејн и Демократот Барак Обама на разговори за предложената легислатива. MекКејн ја суспендираше кампањата барајки одложување на Тв дебатата со Обама закажана за петок, бидејки двајцата како сенатори треба да помогнат во Конгресот за носење на итниот финансиски пакет. Обама пак, изјави дека смета оти дебата треба да се одржи за да видат аамериканците како новиот претседател ке се соочи со финансискиот предизвик.
Во меѓувреме првиот човек на Федералните резерви Бен Бернанке зборувајки пред Комитетот на Сенетот за Банкарство повторно повика на итно усвојување на планот на Бушовата администарција за спас на американскиот финансиски систем.

„Ургирам, Конгресот итно да реагира на оваа голема закана за финансискаат стабилност. Стресовите на финансискиот пазар се големи и се зголемуваат значајно. Доколку финасиските усови не се подобрат набрзо импликациите по економијата ке бидат многу широки.“

И покрај скептицизмот на многу законодавци се очекува американскиот Конгрес да го одбри пакетот на Претседателот Буш за спас на американскиот финасиски сектор вреден 700 милијарди долари. Меѓутоа не сите се согласни дека таков програм е непоходен за враќање на довербата во слободниот американски пазар. Во интервју за Слободна Европа американскиот економист Алан Мелтзер вели дека има многу приватни пари и доверба за да се спаси Вол Стрит без да се ризикува ни паричка од даночните обврзници.

„Јас не гледам доказ дека такво нешто е неопходно. Економијата се движи. Овие луѓе, од владата, предвидуваат катастрофа уште од Јануари. Нивните предвидувања се покажаа погрешни. Сега можеби се во право, но да ги ставиме на проба. Она што јас гледам дека се случува не личи на тоа што тие го опишуваат.“

Претседателот Буш иако и самиот изјави дека се соочил со избор да дејствува или не. Драматичната ситуација и ненормалните услови вели беа пресудни.

„Јас силно верувам во слободното претприемаштво. Мојот природен инстикт е да се спротивставам на владина интервенција. Но тоа е во нормални услови. А ова не се нормални услови. Ризикот е преголем.“
XS
SM
MD
LG