Достапни линкови

За опозицијата е важно дали владеачката коалиција е усогласена и бара прецизирање на прашањата


Лидерите на најголемите политички партии СДСМ, ДУИ и ДПА ја прифатија поканата на премиерот Никола Груевски за присуство на денешната лидерска средба на која ќе се отварат прашањата поврзани со предлогот на власта за уставните измени со кои бие се овозможило претседателот на државата во втироит круг да се избира без цензус, а ќе се зборува и за промени на Изборниот законик. В.Д. претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека по прашањето за избор на претседател на државата, прво сакаат да го чујат мислењето на власта, по што ќе изградат став, а немаат ништо против измена на изборниот законик со кој ќе се овозможи гласање на дијаспората и загарантирани места за етничките заедници во парламентот, но се на мислење дека прво мора да се прецизира како ќе се изведе тоа:

„Истовремено многу ни е важно дали е усогласена владеачката коалиција по овие прашања и по изборниот законик и при отварање на прашањето за менување на Уставот за претседателски избори. Значи за нас ова е прв информативен состанок од страна на премиерот по кој што допрва ќе изградиме ставови.“

Во момент кога целото внимание е свртено кон прашањето за името на средбите во Њујорк, за опозициониот СДСМ е чудно што сега се закажува лидерска средба, а највеќе негодуваат поради тоа што за прашањата за кои денеска ќе се дискутира веќе се почнати законски процедури:

„Значи продолжува праксата на ВМДРО ДПМНЕ да не води дијалог, туку да глуми дијалог. Знам дека за одредени прашања веќе се закажани собраниски седници.“

Во ДПА кусо изјавуваат дека на вчерашното централно претседателство партијата одлучила да му даде ,,слобода“ на лидерот Мендух Тачи самиот да одлучи и да го изнесе мислењето околу прашањата кои се постаени на дневен ред на денешната лидерска средба, а за нив приоритет на кој ќе инсистираат е да се разговара за шестте барања, меѓу кои законот за употреба на албанскиот јазик, припадниците на ОНА и толкување на законот за амнестија. Додека опозицијата бара консензус од власта, во ДУИ сепак имаат, како што велат, поинакви идеи кои ќе ги презентираат:

„За претседателските избори ние мислиме дека треба да има измени, дали претседателот ќе се бира во Собрание, или непосредни избори итн. тоа се нештата околу кои треба да се договориме.“

Изјавува Рафиз Алити од ДУИ. Премиерот Никола Груевски во вчерашното писмо со покана до лидерите истакна дека прашањата за кои денеска ќе се разговара се во насока на унапредување на демократските процедури за изборите битно за европската интеграција на државата.
XS
SM
MD
LG