Достапни линкови

Њујорк: Среба Нимиц – Црвенковски, претседателот информиран за ставовите на Грција


Претседателот Бранко Црвенковски синоќа се сретна со специјалниот претставник на на ОН за разликите околу името со Грција, Метју Нимиц. Како што јавуваат агенциите, Нимиц не изнел нови предлози, туку на Црвенковски му го пренел ставот на Грција дека неговите последни прелози одат во корист на Македонија, а не на Грција. Медијаторот додал дека не гледа разлики во ставот на македоснкиот претседател и владата на оваа тема. За десеттина дена Нимиц најави нов состанок со македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG