Достапни линкови

Скопје: Ракометарките на Ѓорче Петров подобри од австриски Хипо


Ракометарките на Ѓорче Петров со 26:22 славеа над австриски Хипо, во рамките на 5-то коло од женската регионална ракометна лига. Централниот бек во нашиот тим, Драгица Кресоја постигна 7 погодоци. Денешната победа внесе оптимизам дека најдобиот домашен женски ракометен колектив има квалитетет и покрај незавидната финансиска ситуација, во која се најде, откако долгододишниот спонзор "Кометал" реши повеќе да не вложува во овој спорт. Ова е втора победа во четвртиот меч за македонскиот шампион, откако претходно избраничките на Глигоров беа подобри и од ракометарките на Крим. Во рамките на регионалната лига "Ѓорчепетровки" загубија од Будуќност и Локомотива Загреб. По четири натпревари ракометарките на Ѓорче Петров се 5-то пласирани на табелата во регионалната лига, израмнувајќи се по бодовите со Локомотива и Хипо пред нив.
XS
SM
MD
LG