Достапни линкови

Експертите бараат ефикасни мерки за контрола на злоупотребите


Јавните дебати за прислушувањето продолжуваат со стапувањето на сила на законските решенија за специјалните истражни мерки кои беа донесени во скратена собранска процедура. Секoја серизона држава мора да има механзими на контрола, вели професорот Владимир Пивоваров, експерт по разузнавање кој не гледа дека во законот има мехнизми за квалитетна контрола. Од порнешните претседатели на овие комисии слушнавме изјави кои кажуваат дека никогаш не извршиле увид во таа контрола, вели Пивоваров:

„Значи ние имаме акт законски дека може некој да ги контролира, а тоа не е сторено во пракса, и тогаш сите опции паѓаат во вода и затоа е тој голем страв од сите луѓе, дека еден ден по било која основа може да бидат опфатени.“

Меѓутоа проблемот е друг. Од разунавачки аспект има два вида сомневање - основи на сомневање, како понизок степен и основано сомневање како степен во кој се тврди дека кривично дело е извршено. Затоа треба да се класифицира кој степен на сомневање ќе биде основа за барање од истржен судија да дозволи мерка прислушување, односно прибирање докази по овој пат.

„Во тоа гледам голема можност за злоупотреба. Значи, секој може да биде опфатен со прислушување затоа што се сомнева. А, како се прибираат информации, преку отворени извори, човечки фактори, каде што некоја рекла казала, може да биде доведен некој да биде ставен во круг на идни можни луѓе кои ќе бидат прислушувани.“

Професорот Стефан Буџаковски се согласува дека за секое кривично дело може да се прислушува:

„Ние во разговор можеби ќе спомене милион работи, па после можеби ќе имаме милион проблеми. Да речеме, прислушување на обичен разговор.“

Предвидени се системи на контрола, но тие нема да дадат ефикасност, вели Буџаковски:

„Државата треба да оди со други методи, поголема ефикасност, поголемо ангажирање на обвинителството, судството итн.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска пак ги отфрли критиките околу измените на законот за следење на електронски комуникации, велејќи дека прислушувањето нема да се злоупотреби и дека не е предвидено полицијата да може по сопствена процедура без претходна наредба од истражен судија да ја следи нивната комуникација.
XS
SM
MD
LG