Достапни линкови

Една владина структура не е заинтересирана да го реши прашањето, оценува аналитичарот Мерсел Биљали


Министрот за надворешни работи Милошоски синока во Њујок со помошникот американски рджване секретар Даниел Фрид разговарал за проблемот со името и за призванањето на Косово. Денеска со него ќе се сретне претседателот Црвенсковски кој има закажно средба и со медијаторот Нимиц. Според извори од македонкското МНР по инситирање на претседателскиот кабинет на таа средба нема да присуствува Милошоски. Оваа инфиормација неможевме официјално да ја потврдиме во двата кабинети. Препукувањата меѓу претседателот и премиерот на кој јавноста беше сведок деновиве според некои аналитичари го покажуваат несеризониот однос кон ова клучно прашање. Аналитичарот Мерсел Биљаљи вината ја лоцира кај владата:

„Тука не се поставува прашање на ослабнување или зајакнување на позиции. Туку, едонставно, таквиот несериозен пристап покажува дека една владина структура воопшто не е заинтересирана да го реши прашањето.“

Пинг понг игра вака Биљаљи го карактериза и односот на претседателот Црвенсковски кој како што вели предизвикан од реакциите на премиерот презема погрешни чекори:

„Некои луѓе се многу суетни, така што како одраз на изјави на премиерот претседателот веројатно толку се иритирал и постапува како што не треба да постапува.“

Со сосема спротивно мислење е професорот Владо Попосвки. Одвоени средби со високи преставници на американската админитстрација не значат дека претседателот и министерот во Њујорк се однесуваат како две одделни делегации- вели тпј

„Битно е дали на различните средби двајцата функционери застапуваат различн ставови, ние тоа не го знаеме. Да се надеваме дека имаат усогласена платформа.“

Никој во земјава не е против решеавање на спорот со името а со тоа и против нашите евроатланските инреграции додава Поповски според кој постојат само разлики за начинот како треба да се дојде со компромис

„Јас не можам да помислам дека било премиерот или претседателот, дека имаат било какви резерви за тоа дали Република Македонија треба час поскоро да биде дел на НАТО и ЕУ. Мислам дека и двете институции се посветени на тоа.“

Инаку по сердбата со Црвенсковки Нимиц според најавата ќе се сретне и со грчката шефица на дипломатија Бакојани. Директни средби меѓу македонските и грчките преставници не се закажни.
XS
SM
MD
LG