Достапни линкови

Њујорк: Сејдиу побарал од Црвенковски признавање на Косово


Македонија да го признае Косово како независна држава, побарал косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на синоќешната средба со шефот на македонската држава Бранко Црвенковски одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Сејдиу, како што јави МИА, оценил оти тоа би имало позитивно влијание врз меѓусебните односи и врз целиот регион. Црвенковски изјавил дека Македонија пристапува кон ова прашање сериозно, а македонската Влада која е надлежна за признавањето држави ќе ги земе предвид сите аргументи во носењето на одлуката.
Тој нагласил оти е важно демаркацијата на границата да заврши целосно и без какви било опструкции. Од Косово, рекол Црвенковски, Македонија очекува и целосно почитување на уставното име.
XS
SM
MD
LG