Достапни линкови

Тадиќ и Саакашвили се повикуваат на принципите на ОН


Генералното Собрание на Обединетиоте Нации како форум за лобирање. Во Њујорк лидерите се борат за своите каузи. Меѓу другите главни теми деновиве се Грузија со Јужна Осетија и Абхзазија, како и Србија и Косово. Претседателите на Србија и на Грузија Борис Тадиќ и Микаил Саакашвили секој од своја страна повикува на принципите на Обединетите Нации, барајки да не се признава независноста на Косово, Јужна Осетија и Абхазија.

Српскиот Претседател Борис Тадиќ во говорот на Генералното Собрание ги повика Обединетите Нации да се држат до основниот принцип на суверенитет и територијален интегритет на земјите членки. Тој ги обвини косовските албанци за политички игри и ја реафирмира желбата на Србија за интеграција во Европската Унија со своите провинции Војводина и Косово.

„Косовската еднострана декларација за независност има за цел поделба на земја членка на Обединетите Нации спротивно на нејзината воља како и со несогласување и силна опозиција на Советот за Безбедност“

Грузискиот Претседател Микаил Саакшвили пак ја повика Светската Организација да не дозволи нејзините принципи да се скршат на Русија. Тој во говорот на генералното Собрание руската интервенција во Грузија ја нарече генерален предизвик.

„На крајот на краиштата, ни мораме да бидеме готови да ја користиме во целост моќта на меѓународното право на нашите колективни меѓународни институции за да се одржи историскиот баланс и правда.“

И Грузија бара од светот да не ја признава прогласената независност на Јужна Осетија и Абхазија. Србија и Грузија се жешки теми за меѓународната дипломатија. Шефот на финската дипломатија и актуелен преседавач на ОБСЕ Александар Стуб во Њујорк изјави дека Србија го има правото да побара мислење од меѓународниот суд за правда за прогласената косовска независност.

„Ние во Европската Унија многу разговаравме за ова прашање и имавме три опции. Да гласаме против. Да гласаме за и да сме воздржани. Финската позиција е јасна. Ние не можеме да бидеме против и да го спориме правото на Србија да побара мислење од Судот. А доколку сакаме единствена европска позиција таа е да бидеме воздржани.“

Во врска со руско грузискиот конфликт, Финскиот дипломат изјави.

„Имам надеж дека ке најдеме долгорочно решение, но во оваа фаза ние се уште дискутираме за повлекување на трупите. Тогаш кога тие ке се повлечат ке дискутираме за статусот на Јужна Осетија и Абхазија.“

Американскиот претседател Џорџ Буш со изјава за подршка на Грузија и нејзината демократија. Руската интервензија, рече Буш, е кршење на еднаквите права на помалите нации согласно принципите на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG