Достапни линкови

Њујорк: Буш го повика светот на единство во борбата против тероризмот


Американскиот претседател Џорџ Буш, во своето последно обраќање до Генералното собрание на ОН, го повика светот на единство во борбата против тероризмот и екстремизмот. Тој истакна дека има земји, како Сирија и Иран, кои продолжуваат да го спонзорираат тероризмот и ја повика меѓународната заедница да спроведе санкции против нив. Буш, кој ја напушта функцијата во почетокот на идната година, нагласи дека руската инвазија врз Грузија претставувала насилство врз повелбата за гарантирани еднакви права на малите и големите нации.
XS
SM
MD
LG