Достапни линкови

Торино: Македонска владина делегација во ,,лов" на странски инвестиции


Македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе одржи т.н. road show во Торино, индустриски центар на Северна Италија каде што се сместени повеќе познати компании. За време на посетата, делегацијата ќе има средба во Стопанската комора на Торино и со директорот на најголемата асоцијација на производители од автомобилската индустрија во Италија - ANFIA, чии членки подетаљно ќе бидат запознаени со условите и можностите за инвестирање во технолошко - индустриските развојни зони во Македонија.
XS
SM
MD
LG